МВР во потрага по член на Судскиот совет!?

Одделот за организиран криминал во Министерството за внатрешни работи, трага по Зоран Теофиловски, член на Судскиот  совет. 



Тој не присуствувал на денешната седница на Судскиот совет.

Теофиловски кој лани беше избран за член на Советот е осомничен е за злоупотреба на службената должност и нелегално приватизирање на атрактивна парцела.

Тој се бара се бара за незаконска легализација и за приватизација на атрактивно земјиште, а предистрагата се водела околу една година.

Според Алсат М, Теофиловски нелегално легализирал тениско игралиште на спортското здружение Љуботен – Тетово, чиј поранешен претседател, бил токму тој.

По наредба на обвинителството за организиран криминал и корупција, утрово се лишени од слобода пет лица од општина Тетово. Според информациите од МВР, акцијата се уште трае.