Голем број граѓани денеска беа непријатно изненадени кога од полициските служби во станиците за технички преглед им беа побарани 1.136 денари за издавање на нова сообраќајна дозвола со уставното име иако вчера беше соопштено дека од денеска замената на возачките и сообраќајните дозволи нема да се наплаќа – известува МКД.мк. На пазар пак, во некои дуќани и преку интернет можат да се купат налепници со кодот НМК, а во дел од станиците за технички преглед налепници нема.
„Го задолживме Министерството за внатрешни работи да ги преземе сите правни акти за да постапи, а тоа возачките и сообраќајни дозволи за сите граѓани коишто треба предвремено да се сменат да бидат без надомест“, рече вчера вицепремиерот Фатмир Битиќи.
Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев рече дека од денеска на товар на МВР ќе се врши промена на возачките и сообраќајните дозволи со старото уставно име.
Граѓани пак, велат дека полициските службеници кои работат на шалтери во станиците за технички преглед издавањето на сообраќајни дозволи денеска го наплаќаат. На граѓаните кои потсетуваат на вчерашната најава дека тоа треба да е на товар на МВР, службениците им одговараат дека немаат таков допис од МВР.
Целиот текст на следниот линк:





