МВР уапси 7 „борци“ кои војувале во Сирија

Министерството за внатрешни работи и надлежните институции на Република Македонија во соработка со партнерите од Глобалната коалиција за борба против тероризмот и Сириските Демократски Сили, денеска приведоа седум македонски државјани за кои постојат основани сомненија дека како странски терористички борци активно учествувале во војните во Сирија и Ирак, пренесе МИА.



Станува збор за македонските државјани С.Р. 1990, Џ.А. 1993, Б.Ф. 1994, О.Ж. 1987, Е.О 1994, И.Ш. 1977, А.М. 1995, за кои е распишана меѓународна потерница и за кои според член 322а и 394а од Кривичниот законик на Република Македонија се поднесени кривични пријави во рамки на полициските акции „Ќелија 1“ (август 2015) и „Ќелија 2“ (јули 2016), соопшти МВР.

Оваа акција е уште еден показател дека институциите на Република Македонија имаат капацитет и кредибилитет да се справат со актуелните безбедносни предизвици и се сериозен партнер во Глобалната коалиција за борба против тероризмот, се вели во соопштението на МВР.