Министерството за внатрешни работи испрати претставки до Здружението на новинари на Македонија, Советот за етика во медиумите и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, поради очигледното свесно дезинформирање од одредени медиуми во врска со инцидентот на фудбалскиот натпревар во с. Волино.



„Се надеваме дека овие организации соодветно ќе реагираат на непрофесионалното, неетичко и очигледно свесно дезинформирачко постапување, со цел поттикнување на омраза, насилство и нетрпеливост на неколку медиуми, иако уште од почетокот со усна информација а потоа и по писмен пат и преку извадокот на дневни настани Министерството за внатрешни работи детално информираше за овој настан“ соопшти МВР.