МВР склучува договори со фирма која веќе е дел од предистрага на Обвинителството

Министерството за внатрешни работи (МВР) неодамна склучи нов договор со фирма за телефонско и онлајн закажување на термини. Ова е седми и воедно најскап тендер, кој фирмата „Симболико“ го добива за менаџирање со повикувачкиот (кол) центар на МВР. Во пет од вкупно седум добиени тендери во последните 10 години, „Симболико“ е единствен понудувач – известува Радио Слободна Европа.



Новиот рамковен договор е „тежок“ речиси два милиони евра. Претходно вредноста на секој од шестте склучени рамковни договори не надминувала 600 илјади евра.

Седиштето на фирмата е во скопски Аеродром, додека подружницата во скопски Карпош. Радио Слободна Европа ги посети и двете локации, но ниту реклама, ниту табла со името на фирмата не сугерира дека таму е сместена „Симболико“ која доби милионски тендер со МВР. Кратко разговарале и со сопственичката на фирмата Елена Салинтјани, која им ја отворила вратата во станот во Аеродром каде што е сместена фирмата. Им ветила дека на нивните прашања ќе одговори писмено, но до објавувањето на текстот, одговори не добиле.

Локации на мапа од фирмата Симболико и нејзината подружница
Локации на мапа од фирмата Симболико и нејзината подружница

Фирмата „Симболико“ која е задолжена да ви закаже термин за лични документи е дел од предистражна постапка во Основното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупуција по кривична пријава која ја достави Антикорупциска комисија до Обвинителството и до Финансиската полиција.

Кривичната пријава не се однесува на договорите што фирмата „Симболико“ ги има со МВР, туку на дел од јавната набавка за фингер принт апаратите кои во 2021 година ги купи Државната изборна комисија (ДИК) и служат за идентификација при избори.

Целиот текс на РСЕ на следниот линк:

https://www.slobodnaevropa.mk/a/operatorot-na-kol-centarot-na-mvr-del-od-predistraga-na-obvinitelstvo/32675656.html