МВР: Се трага по 5 лица, еден од застреланите во тетовската болница се бори за живот

МВР СО ДЕТАЛИ ЗА ПРЕСТРЕЛКАТА ПРЕД ТЕТОВСКАТА БОЛНИЦА: Се трага по 5 лица, едно од застреланите се бори за живот

Денеска околу 18 часот и 5 минути во СВР Тетово пријавено е дека пред влезот на Ургентен центар во тетовската Клиничка болница било пукано во две лица од тетовското село Гајре, кои се здобиле со прострелни рани.



Служби на СВР Тетово и јавен обвинител се на лице место и се преземаат мерки за пронаоѓање на пет лица, кои се сомничат во врска со случајот.

Инаку, на овој случај денеска, исто така, му претходела физичка пресметка помеѓу еден од ранетите и еден од осомничените за учество во пукањето. Се работи на расчистување на случајот, соопштуваат од МВР.

Полицијата ја опколила тетовската болница, во престрелка ранети две лица