Со службен Ренџ Ровер, ќерка на функционер во МВР отишла на одмор во Грција заедно со нејзините пријателки, тврди агенцијата Нетпрес.
Злоупотребата на службено возило за приватни цели е причина за нов скандал од ваков вид и бескрупулозно искористување на јавнте ресурси, пишува НетПрес.
Во редакцијата на НетПрес на почетокот од штотуку започнатиот викенд добиле видео и фото материјал проследен со информацијата дека во соседна Грција е забележано луксузно теренско возило кое е сопственост на Министерството за внатрешни работи, но кое што се користи во приватни цели.
Имено, според неофицијалните сознанија, теренецот „Ренџ Ровер Дискавери Спорт” со регистерски таблички СК-9559-АЛ, во моментов во Грција го користат четири млади девојки кои летуваат во популарниот камп „Евридки“.
Нивните извори засега не можат да потврдат дали девојките сами управуваат со службеното возило или, пак, ги вози службен возач од министерството.
За веродостојаност на информацијата, односно за евентуалната злоупотреба, од НетПрес побарале официјални информации од МВР: Имено дали луксузниот џип „Ренд Ровер Дискавери Спорт” со регистрација СК-9559-АЛ е возило на Министерството за внтатрешни работи? Дали во МВР знаат каде е возилото во моментов? И дали смее член на семејство на вработен во МВР кој е задолжен со службено возило да го управува истото?
Од сужбата за односи со јавноста при МВР било одговорено дека прашањата ќе бидат проследени до надлежните и доплнително ќе биде одговорено.





