Лицето кое лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го посочува дека се обидело да го убие, е приведено во полициска станица, изјавија од МВР за МИА.
„Е.Ј. е приведен во полициска станица, а на местото се пронајдени чаури. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“, соопштија од МВР, без да откријат дополнителни информации за случајот.
На крстосницата пред плоштадот „Скендербег” на влезот во Старата скопска чаршија дојде до тежок инцидент меѓу демонстрантите и група луѓе кои дојдоа од насока на Старата скопска чаршија, а очевидци тврдат и дека се слушнале и истрели. Полицијата интервенираше и ги раздели групи, спречувајќи евентуален поголем инцидент.






