МВР призна дека влегла во Алфа ТВ со налог од ЈО за организиран криминал

Министерството за внатрешни работи призна дека денеска нејзини инспектори влегле во Алфа ТВ но демантира дека бил извршен „полициски упад“ во телевизијата.



“Министерството за внатрешни работи постапува согласно законските прописи на Република Македонија. Кривичните предистраги и истраги се водат согласно Законот за кривична постапка, а Министерството за внатрешни работи има обврска да постапува по именуваниот закон. Во објавениот натпис на АЛФА телевизија и прикажаното оригинално барање од МВР јасно се гледа дека Министерството постапувало по Наредба на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и не извршило никаков „упад“ во телевизијата”, стои во дописот на МВР во кој се вели дека полицијата претходно доставила писмено барање за обезбедување на документација, која има обврска веднаш по обезбедувањето да ја достави до Јавното обвинителство.

Предходно директорот на Алфа телевизија Јани Бојаџи објави дека МВР направила упад.

Нов упад на МВР во Алфа ТВ