МВР доби потврда од унгарските колеги дека екс-премиерот Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил.
По ваквата потврда МВР го извести Основниот Суд Скопје 1 од кој се очекува да распише меѓународна потерница за Никола Груевски кој во понеделникот требаше да се јави на отслужување на 2 годишна казна затвор за случајот со купувањето на владиниот „мерцедес“.
Денес во МНР бил повикан амбасадорот на Република Унгарија во Скопје, Ласло Дукс, на средба кај државниот секретар Виктор Димовски, со цел проверка на информацијата и по дипломатските канали.





