Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски соопшти дека поради говор на омраза на социјалните мрежи во врска со автобуската несреќа кај село Ласкарци, во која загинаа 14 лица, а 37 лица беа повредени, МВР веќе покренало пет постапки.
„Веќе се поднесени соодветни пријави во надлежните јавни обивнителства во Скопје, Струмица и во Куманово и секако дека ако се случуваат и во наредните денови ќе имаме реакција“, рече Спасовски.





