МВР од утре ќе објавува истраги за сегашни и за бивши функционери, најави Чулев

Министерството за внатрешни работи, почнувајќи од утре, ќе објавува истраги од областа на организираниот криминал и корупцијата во кои се вклучени сегашни и поранешни функционери, најави министерот Наќе Чулев.



„Веќе ние како МВР ќе бидеме и повеќе насочени во борба против организираниот криминал и за сите тие работи ќе ја информираме јавноста, да видат дека министерот за внатрешни работи и покрај тоа што беше ангажиран во борба против коронавирусот, беше ангажиран и на сериозна неселективна борба против организираниот криминал и корупцијата“, изјави тој за ТВ 21.