МВР објавила изградба на камп за мигранти, само Царовска не знаела (ФОТО)

Министерството за внатрешни работи во својата стратегија за работа во периодот 2018 – 2020 година објавило дека покрај засилувањето на актуелните капацитети планира да гради и нов центар за прифат на мигранти со пари од странски донатори.



Овој документ е во целосна спротивност со изјавата на министерката Мила Царковска која пред два дена објави дека Македонија нема да гради центри за мигранти туку само за бездомници , македонски граѓани.

Во документот на МВР се зборува за „Развивање на капацитети за прифат на привремено задржани странски државјани согласно барањата и стандардите на ЕУ“.

Во вториот дел од планот на МВР се говори за „Ажурирање на стандардни оперативни процедури на функционирање на новите услови на терен и ЕУ новитети во оваа област“.

Овој дел од документот се однесува на периодот од 2017 до 2019 година.

Во сите досегашни изјави македонската влада, премиерот, МВР и Царовска објавија дека Македонија нема да гради нови капацитети за прифат на бегалци или мигранти.