МВР: Непознато лице телефонски најавило напад во билетара на МНТ

Полицијата постапува по пријава за напад, откако едно лице се јавило во 16:45 во билетарата на МНТ, информираа за МИА од МВР откако вечерва беа евакуирани неколку објекти во центарот на Скопје.



– Станува збор за стандардни мерки на МВР после ваква добиена пријава и веднаш штом ги завршиме проверките и веродостојноста на информацијата ќе ја известиме јавноста соодветно. Апелираме граѓаните да останат смирени, а медиумите да ги пренесуваат официјалните и точни информации, наведуваат од МВР, во реакцијата за ситуацијата која предизвика паника вечерва во Скопје.

Паника по закана за општата безбедност во центарот на Скопје, евакуирани повеќе образовани институции (ДОПОЛНЕТО)