МВР немало координација туку поддршка од амбасадата на САД, Спасовски бара прогон на Мицкоски за саботажа

Иако во денешниот брифинг на МВР до дел од медиуми тимот за ПР на Оливер Спасовски се тврдеше дека акцијата за апсење на десетина луѓе била во координација со Канцеларијата за истраги во амбасадата на прес конференцијата министерот со поинаков вординг.



За разлика од зборот координација кој денеска врз основа на брифингот од МВР го користеа дел од медиумите Спасовски вечерва зборуваше за поддршка од партнерите од американската амбасада и од Интерпол.

На прес конференцијата Спасовски рече дека истрагата започнала пред две години и демантираше дека истрагата ја почнал техничкиот министер Наќе Чулев

Според Спасовски опозицијата вчера се обидела да направи саботажа на акцијата и затоа тој бара обвинителството да поднесе истрага против ВМРО-ДПМНЕ.