Нема жртви ниту пак повредени во полноќната престрелка во хотелот Александар Палас во Скопје.
Според информацијата од МВР, додека во ресторанот на хотелот седеле Е.И. (21), Е.И. (25), О.Б. (35), К.И. (41) и Љ.Ќ. (25) три лица почнале да пукаат кон нив.
Тогаш Љ.Ќ., полициски службеник кој не бил на работа, испукал од службениот пиштол кон нив, по што тие заминале.





