МВР не ги објавува потерниците за наркобосовите што ги бара Русковска

Цели 8 часа откако Јавното обвинителство за организиран криминал објави дека со меѓународна потерница се бараат повеќе лица избегани а осомничени во акцијата Планина потерниците на избеганите ги нема на сајтот на МВР.



Можноста потерниците да не се објавени од техничка или фактографска причина е минимална затоа што акцијата Планина беше спроведена минатата недела и МВР ги има сите податоци за избеганите.

Проблем не се ниту нивните фотографии особено за оние што во блиското минато се фотографираа со високи државни функционери од СДСМ.

Во нормални држави веднаш откако обвинителството ќе донесе одлука за објавување меѓународна потерница таа веднаш станува јавна на сајтовите на соодветните институции.

Според Русковска некој на избеганите им кажал дека се подготвува апсење по што тие избегале но се уште не се знае кои се луѓето што ја откриле акцијата на обвинителството.

Сајтот на МВР каде што треба да се објават потерниците

https://mvr.gov.mk/potragi-ischeznati/potragi