Министерството за надворешни работи на Србија се извини за непријатностите што ги имаа патниците на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ по пристигнувањето на авионот од Скопје попладнево, очекувајќи нормализација на сообраќајот во секој момент.



Проблемот во безбедносната контрола на аеродромот настанал, наводно, кога патниците кои долетале од Македонија во 16:16 часот по слетувањето влегле во автобус што по грешка ги однел на погрешен гејт. Така тие завршиле во транзитната зона, каде што не смеат да бидат бидејќи Македонија не спаѓа во групата земји кои ги имаат потребните дозволи за тоа. Патниците од Скопје се запрени и мораа одново да ги поминат сите безбедносни контроли за да може да продолжи нормалното функционирање на патничкиот сообраќај на аеродромот.

Српското МВР за хаосот го обвини операторот на аеродромот, најавувајќи соодветна пријава, а грешката го измести планот за слетување/полетување на 17 авиони.