Не му помогнал никој од сега обвинетите и осудени лица во случајот Двојник а сепак успеал да влезе во Македонија, да закаже термин за сликање и да добие пасош за само еден ден.
Оваа сторија која ја објавува порталот мкд.мк открива дека покрај лицата кои сега се судат на смешни казни затвор од каде ќе можат да излезат за нецела година во случајот Пасоши за мафија не се гонат повеќе други лица инволвирани во криминал кој може да тежи милиони евра.
“На 16 октомври 2018 година во 12.07 часот Елвис Влади, држајанин на Албанија, влегува во просторија од управните служби на македонското Министерство за внатрешни работи, се фотографира, остава отпечаток од прст и утредента добива македонски пасош на име Селами Хоџа. На 19 октомври истата година и на 4 јули наредната со македонскиот пасош излегува од Македонија. Во тоа време по него веќе има две меѓународни потерници. Во преминувањето на границите и покрај потерниците сигурно не му помогнале службениците на МВР осудени за издавање пасоши во аферата „Двојник“, која опозицијата ја нарече „Мафија“, пишува мкд.мк во сторијата која открива дека освен што обвинетите од непознати причини не ги гонат за повеќе кривични дела, постојат лица кои не се воопшто зафатени со истрагата.
МВР на Спасовски се уште не дава одговори на многу прашања за случајот.
Еднинод клучните прашања е како е можно наводниот сега осуден дилер кој посредувал за вадење пасоши сам да контактира со најмалку 215 меѓународни криминалци кои извадиле македонски пасош а не знаел ниту еден од светските топ јазици.
Повеќе детали за криминалецот баран со две потерници на Интерпол кој извадил македонски пасош со лажен идентитет како да уплаќа ливче за лото, на овој линк






