Министерството за внатрешни работи кое води истрага за инцидентот во кој градоначалникот на општината Шуто Оризари Курто Дудуш е обвинет од граѓанин дека го киднапирал и тепал, може за 24 часа да го реши случајот.
Извори во општината Шуто Оризари велат дека доволно е МВР да ги побара снимките од видео надзорот во општинската зграда од 1 мај кога се случилл инцидентот и да се види кој е киднапиран и кој е тепан, или пак да се дамантираат наводите на тепаниот Сеад Јашар.
МВР добро знае дека во зградата на општината има поставен систем за видео надзор затоа по еден друг инцидент минатата година случајот е расчистен со помош на видео надзорот кој открил што точно се случило.
Со оглед на тоа што видео надзорот освен влезната врата и ходниците го покрива и кабинетот на градоначалникот Дудуш каде што се случило тепањето на Јашар МВР многу лесно ќе го расчисти случајот.
Доколку МВР досега не ги побарало снимките или тие не се во системот за видео надзор јасно е дека тие се избришани од страна на тие што сакаат да го скријат инцидентот и да го спасат градоначалникот, велат извори во општината Шуто Оризари.




