Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека лицето кое загина во пожарот што изби во куќа ноќеска во велешката населба Варналиите е сопственикот, Миле Паунов.
„На 20.12.2019 во 23.30 часот било пријавено дека во Велес, на ул.„Јован Алабаков” настанал пожар во куќа, сопственост на М.П.(79) и истиот загинал. Од пожарот била зафатена и соседна куќа. Пожарот бил изгаснат, се врши увид, велат од МВР“.
Куќата што изгоре е споменик на културата, заштитена со закон.





