Министерството за внатрешни работи најави казни за организаторите на синоќешниот настан пред Музејот на современа уметност (МСУ) по снимката која се споделува на социјалните мрежи и на која се гледа дека голем број од присутните не носеле маски и не почитувале дистанца.



На видеото се гледа диџеј кој пушта музика, метеж и повеќе лица како танцуваат и се забавуваат без почитување на основните мерки за заштита.

Директорката на МСУ, Мира Гаќина за А1он, вели дека настанот, кој е дел од соработката со Музејот на Македонија, бил најавен и организиран според протоколите, а диџејот не правел журка, туку имал перформанс.

Настанот е дел од Меѓународното биенале на мали уметници „Страст за лутање“ кое почна во средата.