Министерството за внатрешни работи објави детали за синоќешните протести за време на полициски час во населбата Ченто.
Поголема група граѓани излегле синоќа околу 22 часот на протест откако во полициската станица Гази Баба биле приведени три лица В.М. (19) од Арачиново, С.Р. (21) од с.Синѓелиќ и В.В. (30) од ул.„Алија Авдовиќ“ кои не го почитувале полицискиот час.
„По изготвената соодветна документација, лицата се пуштени од полициската станица, а насобраната група граѓани се разотишла.
Ќе бидат преземени соодветни мерки и против останатите лица што не го почитуваа ограничувањето на движење“, се наведува во официјалната информација од МВР.





