„Министерството за внатрешни работи информира дека во координација со Јавен обвинител ќе ги преземе сите неопходни мерки во врска со заканите и омаловажувањето упатени кон полицискиот службеник од страна на бугарскиот државјанин В.С. во врска со вчерашниот настан на Деве Баир“, велат од МВР за Алфа.



Виктор Стојанов, претседател на бугарската Фондација „Македонија“ нудеше 200 евра да дознае информации за името и за семејството на полицаецот- граничар од Деве Баир.

Тоа е сериозна закана по животот на полицискиот службеник и неговото семејство, но и поттикнување на говор на омраза.

Заканувачката објава на Стојанов исчезна откако Фејсбук му го блокираше профилот на оваа социјална мрежа.