МВР казниле 83-јца моторџии

Во текот на вчерашниот ден (22.09.2022) спроведена е зајакната акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 83 возачи, од кои 33 биле исклучени од сообраќај. Од нив, 59 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 14 возеле без возачка дозвола, а санкционирани се и други прекршоци, велат од МВР.



Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, велат од Министерството за внатрешни работи и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.