Жестоки реакции на социјалните мрежи предизвикаа две фотографии на кои, наводно полициски службеници се закануваат и и со вулгарен речник на граѓаните им порачуваат да седазт дома.
Од МВР веќе го проверуваат случајот и дополнително ќе известат дали станува збор за нивни вработени, дознава „Точка“.
На едната фотографија се гледаат две лица кои се фотографирале и на објавата напишале “Седете дома клошари”, а на другата фотографија се гледа друго лице фотографирано пред огледало, кое напишало: “Единицата формирана, ако ве зачекам после 9, пендрек и 10 години робија… казна нема”.





