МВР и обвинителството не добиле пријава од ЕВН за илегалниот кабел во броилото за струја на Ахмети

Македонската полиција и Јавното обвинителство воопшто не добиле пријава за незаконско постапување на лидерот на ДУИ Али Ахмети од страна на ЕВН.



Четири дена откако експерти на ЕВН влегле во домот на Ахмети за да проверат зошто од броилото на лидерот на ДУИ излегува прдолжен кабел во ЈО и МВР нема пријава за сомнителни активности кои се и опасни по здравјето на граѓаните но и по безбедбноста на станарите на куќата на Ахмети.

ЕВН официјално тврди дека во броилото на Ахмети не било пронајдена неправилност но не дава одговори зошто тој поврзал продолжен кабел во броилото во кое никој освен ЕВН не смее да има пристап.

ЕВН не одговара ниту на прашањето дали Ахмети сам го поврзал кабелот или платил трето лице да влезе во броилото каде не смее да имаат пристап луѓе кои не се вработени во ЕВН.

МВР и обвинителството можат и без пријава од австриската компанија по допрен глас да го проверат домот на Ахмети за да видат дали има кривично дело. Ако смеат!

ЕВН: Нема неправилности со кабелот што излегува од броило за струја на Ахмети