МВР го потврди стравичниот инцидент во Струга

МВР во својот билтен го потврди стравичниот инцидент во Струга кој се случил вчера во службата за итна помош.



,,На 27.10.2023 во 13.40 часот, во Општата болница во Струга, лишен од слобода е Б.Х.(49) од струшкото село Велешта. Тој, претходно во просториите на Итната медицинска помош, го нарушил јавниот ред и мир и физички нападнал две вработени лица, а потоа и полициски службеник кој, преземал службени дејствија. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава”, стои во информацијата на МВР.

Во нападот според сведоци еден од лекарите е давен при што лесно можел да биде убиен

Страшни сцени во струшката болница, претепал и давел лекари, нападнал и полицаец