МВР го потврди инцидентот во кој како што тврди граѓанин на Вевчани вчера еден градоначалник врз него извршил физички напад кој се уште се расчистува.
“На 12.05.2020 година во СВР Охрид, Г.П.(44) од Вевчани пријави дека околу 16.30 часот во Вевчани бил физички нападнат од С.Ј.(48) од истата општина. ОВР Струга презема мерки за расветлување на настанот”, објави МВР во официјално соопштение.
Иницијалите и возраста на посочениот како напаѓач се совпаѓаат со тие на актуелниот градоначалник на Вевчани од редовите на СДСМ.
Вевчанец обвинува дека добил “шлаканици” од градоначалник за статус на Фејсбук




