МВР го испитува момчето што се пошегува со “ваксајнс” – гафот на Заев

МВР на информативен разговор го поканила Скопјанецот Адил Бакиу што се шегуваше со отварање на веб сајт со име кое се однесува на гафот на премиерот Заев кој вакцините на англиски ги нарекуваше ваксајнс.



Бакиу не само што не направи никаква штета туку направил и добро дело и им помогнал и сите што дошле на овој сајт барајќи со зборот ваксајнс ги пренасочува на официјалниот сајт за вакцинација на владата.

Инаку уште вчера пред Бакиу да го поврзе неговиот сајт порталот на владата беше нефункционален.

“Краток апдејт: во 13:30 сум поканет во ПС Карпош на разговор околу доменот vaksajns.mk.
Единицата за компјутерски криминал мене брзо ми влезе во трага и брзо ме поканија за обично пренасочување кон сајтот на МЗ, за разлика од предметот за девојчињата од Струмица чии инкриминирачки материјали биле споделувани насекаде и не успеваше да ги најде сторителите 2 години”, пишува Бакиу на Фејсбук откако стана предмет на интерес на полицијата како да направил криминал.