Преку видео снимки полицијајата веќе идентификувала дел од лицата кои ширеа говор на омраза и кои фрлаа со предмети кон странски дипломати и владината делегација, вчера на прославана Илинден вна Мечкин Камен во Крушево каде што говореше шретседателот на државата, Ѓорѓе Иванов.
„Од утрово во полициските станици повеќемина од нив се повикани на разговор, дел од нив уште се идентификуваат и штом биде целосно завршена оваа истрага, МВР ќе ги достави сознанијата во ОЈО, соопштуваат од МВР“, дознава ТВ Нова.
Се испитува и однесувањето на полицијата и дали проценката за нивно присуство била во рамките на обезбедување на вакви настани.





