Министерството за внатрешни работи не објавува никаква информација за инцидентот што се случил вчера во Крива Паланка каде според негова изјава, рекетари и криминалци ги вознемирувале родителите на вицепремиерот за корупција и криминал Љупчо Николовски.
Николовски вчера во драматична порака објави дека криминалци и рекетари пред неговата семејна куќа во Крива Паланка ги вознемирувале неговите возрасни родители.
Но во дневниот билтен на настани што МВР го објавува за инциденти во Македонија нема ниту збор за рекетари и криминалци во Крива Паланка.
Засега не е јасно зошто МВР го игнорира овој настан кој што е скандалозен.
Вчера Николовски ја потресе јавноста со информација дека криминалци дошле пред куќата на неговите родители.






