МВР бара профил што на Спасовски му се заканува со ,,метак во глава”

,,Само метак у глава за такви копилиња како Спасовски а и тоа и го чека”, гласи коментарот по кој припадници на одделот за компјутерски криминал почнале потрага по профилот кој ја објавил заканата на Фејсбук.



Коментарот како што брифираат извори во МВР е објавен на статус на Спасовски во кој тој кажува дека донесол лична одлука за вработување на студентката Муковска во МВР.

,,Донесов одлука најдобриот студент на Факултетот за безбедност, Ивана Мукоска, да биде дел од МВР, во Одделот за Европска Унија и меѓународна соработка. Честитки!”, објави Спасовски на што профил со име Питу Карев ја објавува заканата за куршум во глава за министерот.

Објавата закана за Спасовски на статусот на министерот стоеше до објавување на овој текст во 18.30 часот односно не беше избришана речиси 3 часа.