Музичарите протестираат пред Влада

Поголемиот дел од естрадните уметници не се согласуваат со новите протоколи според кои жива музика да смее да има само на свадби, а не и во кафулиња и други локалии поради тоа денеска на пладне ќе протестираат пред влада.



Освен тоа, Владата бара музичарот да смее да свири или да пее само ако е член на некое од здруженијата на уметници во земјава. Инаку, во однос на протоколите за работа на свадбите, музичарите сметаат дека се добри, но колку ќе се почитуваат, ќе се види на самата прослава.