„На 11 октомври ќе организираме уште помасовен протест со многу посилна бучава од онаа на вашите експерти, се заканија денеска музичарите, ди-џеите, угостителите и сите присутни од протестот пред Влада кој започна во 14 часот.
Пред Владата беше поставена бина на која пишува „Ноќен клуб“ од каде се пушташе музика.
Тие протестираа за добивање на финансиска поддршка од државата, но и против дискриминацијата кон нив и за нивното право на работа.
Еден од организаторите на денешниот масовен протест, Даниел Сидовски, рече дека доколку не им биде излезено во пресрет и во рок од два дена не остварат средба со премиерот и заеднички не донесат нова, помалку штетна одлука, ќе излезат уште помасовно.
Од денешниот протест од кој е испратена пораката „Протестирам против уништувањето на ноќните клубови“ беше со цел пренесат и да го изразат својот револт поради неможноста да остварат основни средства за егзитенција..






