Муслиу: Со премиер Албанец, државата нема да пропадне

Ова го изјави аналитичарот Алберт Муслиу во емисијата 24 анализа, потсетувајќи дека Талат Џафери е новиот премиер со полни овластувања, но и дека не му се јасни реакциите на јавноста на еуфоријата околу неговото преземање на функцијата.



„Не разбирам што е поентата со фотографирањето. Таа е влада на оваа држава и пристапот кон самата институција е погрешен. Ние сме навикнале на тоа, но тоа не е добро кон помладите генерации. Опонирање има и во поразвиени држави.

Џафери кај нас или во неговиот елкторат каде што го избрале, не го гледаат како таков, го гледаат како принципиелен, нема афери, тој е еден од политичарите кои ги нема сменето манирите.

Тој достоинствено е ја врши функцијата и тоа му е првичната обврска.

Со премиер Албанец, државата нема да пропадне и некои стереотипи треба да се тргнат“, рече Муслиу.