Муслиу: „Да не се дозволи Кичево да се врати во рацете на Македонците!“

Независната кандидатура на Фатмир Лимани за градоначалник на Кичево и кандидатурата на Фатмир Дехари со поддршка на Ахмети и ДУИ ја доведуваат во опасност оваа општина да се врати во рацете на Македонците. Тоа не треба да се дозволи. Ако мнозинството членови на потесното претседателство на ДУИ се на исто мислење како и лидерот Ахмети, тогаш тоа мислење треба да се почитува и да се поддржи кандидатурата на Дехари.“ – вели Беџет Муслиу, директорот на информативната агенција на албански јазик „Журнал“ во својата колумна под наслов „Острите мечови на Џафери и Ахмети да се претворат во колепки на цивилизацијата каде што се роди историјата на Кичево!“, која ја објави „Журнал“.



Муслиу пишува: „Кичево ќе биде една од најжешките точки на локалните избори: за градоначалник ќе се натпреваруваат Фатмир Лимани, син на маченикот на народот Беќир Лимани, кој е и внук на Али Ахмети, со отворена поддршка од Муса Џафери, како и Фатмир Дехари, кој ја има поддршката на лидерот на ДУИ Али Ахмети. Независниот кандидат Фатмир Лимани одржа средба со граѓаните на Кичево и ја објави својата програма за следните четири години. На оваа средба е виден членот на Централното претседателство на ДУИ Муса Џафери, кој, според гласините во јавноста, ќе го поддржи Фатмир Лимани на локалните избори.“

„Кој го внесе Фатмир Лимани во игра, да се огласува со критика кон Али Ахмети, како и да објави независна кандидатура за градоначалник на Кичево?“ – директорот на „Журнал“ го поставува ова прашање и во врска со него изнесува: „Во јавноста, но и внатре во ДУИ се зборува дека бунтот на Фатмир Лимани кон Али Ахмети е поттикнат од Муса Џафери. Бунтот на Муса Џафери пак, според извори од ДУИ, уследил по именувањето на Артан Груби на некои функции внатре во партијата, како и во извршната власт, како и поради падот на тежината на Муса Џафери во ДУИ. Муса Џафери знае точно кога и каде да се побуни, да се обиде да го стесни Али Ахмети во неговото родно место. Ова се случува сега со кандидатурата на Фатмир Лимани за претстојните локални избори.“

„Да не се дозволи опасноста општина Кичево повторно да прејде во рацете на Македонците“ – вели Беџет Муслиу и додава: „Муса Џафери и Фатмир Лимани треба да се сетат на жртвувањата на 100-те албански печалбари и на нивното доаѓање во Кичево, за да гласаат и да го поддржат Фатмир Дехари, како и за поддршката за Али Ахмети и ДУИ на изборите на 24 март 2017 година оваа општина да биде раководена од албански кандидат. Голема историја по 70 години. Сега по 4 години бунтот на Фатмир Лимани и на Муса Џафери ја доведува оваа општина во опасност повторно да се врати во рацете на Македонците. Објавувањето на две, или три кандидатури во Кичево е луксуз, што може да предизвика загуба за сите – момент кој не треба да си дозволиме на себеси, ниту Фатмир Лимани ниту Муса Џафери, но и ниту лидерот на ДУИ Али Ахмети.“

„Кандидирањето независен кандидат е демократско, но не и во овие околности во Кичево.Оваа општина не треба да биде жртва на недоразбирањата во ДУИ, односно меѓу Џафери и Ахмети. Ако мнозинството на потесното претседателство на ДУИ се на исто мислење со лидерот Ахмети во поглед на кандирањето личности за градоначалници на општини, тогаш треба да се почитува волјата на тоа мнозинство во ДУИ.“ – пишува Беџет Муслиу, директорот на „Журнал“ во заклучокот на својата колумна.

Извор: https://zhurnal.mk/shpatat-e-mprehta-te-xhaferit-dhe-ahmetit-te-shnderrohen-ne-djepet-e-qyteterimit-ku-lindi-historia-e-kercoves/