Директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу оценува дека отворањето бугарски здруженија во Македонија со имиња како „Цар Борис Трети“ или „Ванчо Михајлов“ е провокација и е во интерес на хибридни стратези.
Во гостување на „360 Степени“ на Алсат, целта на тиа „здруженија е да го забават зачленувањето на земјава во Европската Унија.

„Во целиот процес во изминативе 10-12 години јасна и видлива беше интенцијата на трети актери да го успорат процесот на зачленување на Македонија, Црна Гора и други држави во НАТО, исто како и во делот на Европската Унија.
Конктретно, околу бугарските здруженија, јас можам да кажам дека ова го третирам од аспект на провокација и е во интерес на хибридни стратези кои се уште не се откажуваат да го попречат или да го успорат нашиот пат, на Република с. Македонија, да се зачлени во Европската Унија – рече тој.







