„Познатиот политички аналитичар Имер Мушколај од Косово реагираше, откако Движењето Ветевендосје одлучи да учествува на изборите во * Македонија. Мушколај го оценува како опасен и погрешен овој потег на Ветевендосје (Самоопределување), потсетувајќи на слабиот резултат, кој го постигна оваа партија во Албанија во 2021 година.“ – овој став на Мушколај го пренесоа косовскиот весник „Сињали“, информативната агенција Илирија-ИНА од Македонија и други медиуми на албански јазик од Балканот.
Во објавата на својот фејсбук-профил Мушколи истакна:
„Ги среди, ги реши Албин Курти сите проблеми во Косово, а сега па сака да ги реши и во * Македонија. Грешка е и опасно е учеството на партијата Ветвендосје на изборите таму. Тој изгледа не ја научил лекцијата од дебаклот, што го доживеа со својата партија во Албанија во 2021 година!“





