По изјавата на премиерот дека би разговбарал со приватните превозници но под услов тие дфа ги тргнат блокадите, Кемал Муриќ, во нивно име денеска реча дека ќе го сторат тоа но само доколку добијат гаранција од Ковачевски за решавање на проблемот.
„Со градоначалничката на Град Скопје, која е „маќеа на градот“ нема надеж за решавање на проблемот. Затоа, бараме повисок орган, кој во конкретниот случај е Владата.
Бараме средба со премиерот и ова барање не претставува никаква закана. Ако ни даде гаранција премиерот, веднаш ќе ги отстраниме блокадите“, изјави Муриќ.







