Актерот Рубенс Муратовски со прекор за оние свои сонародници што апокалиптичниот пожар во Грција го толкуваат како некаква божја правда за сите неправди од јужниот сосед нанесени на македонскиот народ и на државата Македонија.
„А бе не може да се ситиме на несреќата на другиот. Аман. Пожари беснеат, куќи и имоти им снемува, луѓе гинат. Да, нивниот шовинизам е огромен, оваа земја многу пропатила и сè уште пати поради нивната политика и табиетот на огромен дел од тој народ. Ама, не ситете се. Мојот народ отсекогаш се одликувал со добрина и емпатија кон другите, иако постојано имал мака… Каде исчезна таа? Ситењето не е одлика на Македонецот. Па и на сите други кои живеат тука. Вратете ја добрината која знам дека ја имаме. Такви сме биле отсекогаш ние Македонците.
И да, не ставив ‘преј фор Франс’, ‘преј фор Сирија’, ‘преј фор вотевер’ и сега нема да ставам ‘преј фор Грис’… не затоа што не се молам за нив. И не затоа што не ми е жал. Едноставно, сè уште се молам за Македонија“, напиша Муратовски на својот профил на „Фејсбук“.




