Муратовски: Како ќе ја решиме културата? Многу лесно. Нема да ја има!

Актерот Рубенс Муратовски со серија твитови реагира на информацијата дека нов министер за култура ќе биде доктор по професија:



„’Како ќе ја решиме културата?’ ‘Многу лесно. Нема да ја има!’“.

„Сега веќе има смисла да ти кажат: ‘Значи, докторски ја одигра улогата“.

„Собирам потписи за да бидам директор на Клинички. Па, што? И така глумиме дека имаме здравство“.

„Министерство за Уринокултура“.

„Очекувам скоро нова премиера во театар на претставата ‘Мој термин’“.