Политичкиот аналитичар и публицист Нијази Мухамеди за Би-Би-Си на српски јазик го објасни како „најдемократски одговор“ бојкотот на Албанците на референдумот од 8 септември 1991 година за осамостојување на Македонија од Југославија.
„Одбивме да учествуваме, но не поради националистички работи, туку поради тоа што ги игнорираа нашите барања за рамноправна положба на Албанците во Македонија. Тоа беше најдемократскиот одговор – да не излеземе“, изјави Мухамеди, според кој тие немале „ни минимални права – културни, образовни, јазични, како ни претставници во власта“?!
„Албанците во Југославија беа попривилегирани во Белград, отколку во Македонија“, додаде дипломецот на Филозофскиот факултет во главниот град на Србија, за кого тоа довело до војната во 2001 година.
„По тој бунт дојде до благи промени. Тоа не беше меѓуетнички конфликт, туку само бунт против владината политика, не против самите Македонци“, смета тој.






