Мухамеди: Лидерска средба без Албанци е сериозен пропуст

Политичкиот аналитичар, Нијази Мухамеди смета дека е сериозен пропуст што на  вечерашната средба на Зоран Заев и Христијан Мицкоски на која ќе се разговара за прашања кои се од интерес на цела држава, нема претставник од политичките партии на Албанците.



„Последиците и хендикепот на оваа средба ќе се почувствуваат во иднина и тоа ќе биде пречка за плановите на Заев за тоа како ќе ги координира политичките процеси кои бараат консензуалност на повеќе нивоа“, изјави Нијази Мухамеди за ТВ21.