Пратеникот и потпретседател на СДСМ Мухемед Зекири размислува да поднесе барање за смена на Талат Џафери од местото Претседател на Собранието.
Тој, во вечерашната дебата на Вести24 изјави дека Џафери треба „побрзо да се освести што прави“ како претседател на Собранието, да не тера личен инает, а особено со постапките за (не)гласање за имунитетот на Трајко Вељаноски и со контрирањето на министерката Дескоска за незакажување на седница за СЈО во време на изборната кампања.

Зекири уште рече дека ќе го држи за збор пратеникот Антонио Милошоски, кој рече дека ќе ја поддржи таквата интерпелација доколку биде поднесена од страна на СДСМ.
Извор: Магазин.мк




