Тимчо Муцунски, кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, за општина Аеродром порачува дека завршува негрижата за населбата Јане Сандански.
Населна Јане Сандански е срцето на Аеродром и токму тука во последните 4 години гледаме колку има негрижа, колку има непланско работење. Ќе ги решиме проблемите во овој дел на Аеродром. Ќе обезбедиме нови паркинг места, ќе ги вратиме фонтаните и ќе го одржуваме постоечкото зеленило, вели тој.
Додава дека тука ќе биде и првиот Мултимедијален центар.
– Затоа на 17-ти заокружете го бројот 7. Заокружете промени за наш Аеродром, а ние грантираме и се обврзуваме дека ќе обезбедиме поубава иднина за Општина Аеродром!, порача Тимчо Муцунски.






