Муареми контра Вилма: Обвинителката ќе биде сослушувана во Обвинителството за…

Вилма Рускоска, Елизабета Јосифовска и Ивана Трајчева за неколку дена ќе бифат повикани на сослушување, како пријавени во кривичната пријава која до Обвинителството ја достави Управата за финансиска полиција.



Ова на брифинг со новинарите го соопшти шефот на скопското обвинителство, Гаврил Бубевски, кој посочи дека екс-директорот на Финансиската полиција, Арафат Муареми веќе бил сослушан како оштетен во пријавата.

„Во предметот има доставено и материјални докази. Сослушан е Арафат Муареми како, а во наредните денови ќе бидат сослушани трите обвинителки како пријавени за Злоупотреба на службената положба и овластување. Друг засега не е сослушан, тоа ќе се слуши ако обвинителката која го води случајот процени дека треба.“ – изјави Гаврил Бубевски шеф на Скопското обвинителство.

Рускоска за ТВ24 вели дека до неа се уште нема стигнато покана. Но, освен од скопското обвинителство, покана чека и од Дисциплинската комисија, каде треба и усно да се произнесе зошто не треба против неа да биде поведена некаква постапка.

„Немам добиено ништо досега. Кога ќе ме повикаат во скопското обвинителство, јас веднаш ќе отидам. Ме немаат викнато ниту од дисциплинската комисија во Обвинителството, каде по писменото произнесување, треба и усно да се произнесеме“, изјави Вилма Рускоска обвинителка.

Муареми претходно, обвини дека освен што ја злоупотребиле функцијата, обвинителките обезбедиле наредба за претрес со презентирање на лажни податоци во судот.