Умејр Муамеди, 22-годишен правник од Скопје и учесник на протестите против францускиот предлог низ пример со свој пријател Албанец објасни зошто и неговите сонародници треба да застанат во одбрана на Македонија заедно со сограѓаните Македонци.
„Вчера на мој пријател, кој постојано ми викаше дека ние сме Албанци и не треба да ни е гајле за Македонија, му се слоши и викнавме Брза помош. Арно ама, Брзата помош не дојде ниту од Приштина ниту, пак, од Тирана, туку од „8-ми септември“ – Скопје. Од вчера и на него му стана јасно за кого треба да се бориме. За Македонија ![]()
Се гледаме од 19:00!“, напиша Муамеди на Фејсбук.






