Македонија и официјално нема премиер односно има „Британска Кралица”, а премиер де факто е Артан Груби“, пишува на Фејсбук правникот Умејр Муамеди, коментирајќи го гостувањето на вицепремиерот Груби на една косовска ТВ:
„Го следам Артан Груби во Косовската телевизија „РТВ Дукаѓини” како им објаснува на Косоварите дека Македонците (како етникум) имаат страв од Бугарите, од Грците, од Албанците итн од можни територијални поделби и генерално ги претставува македонците како фобична нација, триумфалистички го покажува тоа дека клучните позиции им се земени на Македонците, но не и калот и лошата инфраструктура по албанските населени места, дека на него шеф му е Али Ахмети, а не Димитар Ковачевски и многу други шовинистички муабети (нешта што не одат ниту во прилог на албанците ниту во прилог на македонците а на штета на сите).
Значи заменик-премиерот на Македонија (за него северна) за Македонците зборува како да му се непријатели, а не сограѓани“„, пишува Муамеди/
„Во вакви моменти премиерот треба да излезе и да даде оставка бидејки кога твојот заменик така се претставува треба да му биде срам, а не привилегија дека е премиер.
Македонија и официјално нема премиер односно има „Британска Кралица”, а премиер де факто е Артан Груби“, констатира Муамеди.






