„Мал е просторот нашата држава да направи некои отстапки. Не може да се води расправа за македонскиот народ, нација, за јазикот. Немаме заедничка историја. Тоа е катастрофална грешка“ , изјави за ТВ 24, првиот човек на Демократскиот сојуз Павле Трајанов, коалиционен партнер во владата на премиерот Зоран Заев.
Литературниот јазик е донесен кога е формирана државата. Главниот проблем и во Бугарија и во Грција е македонското малцинство, кое според Трајанов треба да се решава со конвенции.
За Договорот во Преспа требаше политичка храброст за да се донесе, но овие барања од Бугарија се апсурдни, смета Трајанов..





